Лукашенко призна дека се кара со Путин и го обвини Порошенко за Донбас

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Путин за него не е само колега, туку и пријател, иако одвреме-навреме се караат.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека негува блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин. Според него, Путин за него не е само колега, туку и пријател, иако повремено се караат.

„Навистина сме пријатели, и покрај тоа што се караме повеќе од другите претседатели меѓу себе", изјави Лукашенко, пренесува „Взгљад”.

Тој, исто така, рече дека неговите односи со претседателите на Украина и Казахстан се исто така блиски. Лукашенко додаде дека со Нурсултан Назарбаев може дури и да размени пцости, затоа што се толку многу блиски.

Претходно Лукашенко изјави дека се апсолутни измислиците во медиумите за излегувањето на неговата земја од Евроазиската економска унија и Сојузната држава на Белорусија и Русија.

Лукашенко рече дека за ситуацијата во југоисточниот дел на Украина е одговорен претседателот на таа земја, Петро Порошенко. „Одговорноста првенствено лежи на претседателот на државата на чија територија се води војната“, изјави белорускиот претседател.

Тој додаде дека не сака да му префрла на Порошенко, бидејќи се во „добри односи“. „Но, јас секогаш му кажувам: независно од тоа како ќе се развива ситуацијата, сепак ќе те обвинуваат тебе, затоа што ти си претседателот на таа земја“, изјави Лукашенко.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.