Егзекуцијата на царското семејство
Mary Evans Picture Library/Global Look PressВо рамките на одбележувањето на годишнината од страдањето на руското царско семејство Романови и по тој повод организираната изложба и форум „Од покајание до воскреснување на Русија“ во Екатеринбург е реконструирана собата во подрумот на Ипатјевскиот дом во која ноќта спроти 17 јули 1918 година е стрелан царот Николај II со членовите на семејството и придружбата.
Фото дня: в Екатеринбурге воссоздали комнату, в которой расстреляли Николая II и семью. При желании, можно сделать снимок на местеhttps://t.co/nWL1lH976Upic.twitter.com/LLzussyvcc
— The Village Екб (@thevillageekb) 11 July 2018
На изложбата „Историското прекршување на епохите 1918-та“, посветена на страдањето на царското семејство Романови, која се отвора денес и трае до 18 јули, ќе бидат изложени ордени, монети, книги на царот и членовите на неговото семејство, како и копии од наредбите за стрелањето на царското семејство и рушењето на Ипатјевскиот дом, пренесуваат руските медиуми.
Подрумската просторија во куќата на Ипатјев во која се стрелани членовите на царското семејство и нивните слуги, 1918.
Mary Evans Picture Library/Global Look PressСобата во кој последниот руски цар трагично го загуби животот е реконструиран врз основа н зачувани фотографии, а изложените предмети се добиени од манастирот „Светите царски маченици во Ганина јама“ и од колекционери. Според пишувањето на медиумите, делови од ентериерот на просторијата која е отворена за посетителите, вратата, столчето, тапетите, верно го доловуваат духот на 1918 година кога свирепо се убиени последните Романови.
Во Руската православна црква сериозно се разгледува верзијата за ритуално убиство на царското семејство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче