Лукашенко ја обвинува Русија за прекршување на меѓународните договори

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја обвини Русија за нарушување на меѓународните договори во врска со воспоставувањето погранични зони.

Претседателот на Белорусија реагираше на воспоставувањето погранична зона меѓу Русија и Белорусија.

„Замислете: постојат меѓудржавни договори и спогодби. И некојси министер, макар да е и силен, ФСБ-шник и слични, со еден потег на перото стави крст на сите договори, издавајќи своја наредба - 801, 802, 803. Јас дури и ги кажувам броевите на тие наредби...Министерот со еден потег на перото го прецрта тоа. Нормално ли е тоа?“, изјави Лукашенко на големата прес-конференција во Минск.

Тој го нарече создавањето погранични зони „непромислени, некоординирани чекори“ кои ги влошуваат односите меѓу двете земји и истакна дека така не треба да се прави, затоа што Москва и Минск и без тоа имаат доволно проблеми.

Притоа Лукашенко потенцираше дека „за нас Русинот никогаш не бил туѓинец и нема да биде“, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња