Захарова иронично го коментираше извештајот на САД за „руските хакери“

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова го коментираше извештајот на американските разузнавачки служби за наводната вмешаност во претседателските избори во САД.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова го коментираше извештајот на американските разузнавачки служби за „руските хакери“.

„Мислам дека „руските хакери“, доколку упаднале во нешто во Америка, тоа се две нешта: мозокот на Обама и, се разбира, самиот извештај за „руските хакери“, напиша Захарова на својот профил на „Фејсбук“.

 

 

Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва е веќе „сериозно уморна“ од обвинувањата за наводните хакерски напади.

Американските разузнавачки служби претходно објавија извештај во кој се наведува дека рускиот лидер Владимир Путин наредил да се организира „кампања за влијание“ врз претседателските избори во САД 2016 година. Во оваа кампања, според извештајот, учествувале руски хакери и телевизијата РТ, пишува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.