Викендов Москва ја очекуваат минус 35 степени

Во услови на ниски температури можно е зголемување на бројот на пожари и дефекти на системите за комунални услуги и енергетика во главниот град на Москва.

Министерството за вонредни ситуации на Русија предупредува дека се очекува температурата во Москва да падне до минус 35 степени.

„Во текот на ноќта на 7-8 јануари во Москва се предвидува силен студ со спуштање на температурата до минус 35 степени“, изјавија за ТАСС од прес-службата на Главната управа на МВС РФ за Москва.

Министерството предупредува дека поради ниските температури може да се зголеми бројот на пожари во домовите, административните згради, општествените установи, дефекти на системите за комунални услуги и енергетика и запирање на работата на индустриските претпријатија.

Спасувачите им препорачуваат на Московјаните и гостите во главниот град да се воздржат од подолг престој на улица, а за да се избегне хипотермија или смрзнатини – да носат топла облека и обувки.

На возачите им се препорачува да се откажат од долги патувања, да бидат крајно внимателни и грижливи на патот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња