„Мојот принцип во однос на Русија не се смени од првиот ден на моето претседателствување. Русија е важна земја, тоа е воена суперсила, таа има влијание во регионот и во светот“, изјави Обама, пренесува РИА „Новости“.
Тој истакна дека „сите се заинтересирани за успешна Русија, за раст на нејзината економија, за нејзините добри односи со соседните земји“.
Обама исто така изрази надеж дека новиот претседател на САД Доналд Трамп „ќе го продолжи пристапот на соработка со Русија“, но притоа да ѝ се спротивставува на Москва кога нејзините погледи ќе се разидуваат со оние на Вашингтон.
Покрај тоа, претседателот на САД изјави дека Вашингтон располага со „очигледни докази“ за вмешаноста на Русија во сајбер-нападите против американските интереси. Сепак тој не прицизираше за какви докази станува збор.
Меркел, од своја страна, истакна дека Германија е заинтересирана за добрососедски односи со Русија. „Но тоа не може да нѐ задржи од дискусија за најдлабоките разидувања“, додаде канцеларката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче