Медиум: разговорот меѓу Путин и Трамп предизвика паника во Брисел

Весникот „Дејли Експрес“ пишува за паниката меѓу лидерите на ЕУ по вчерашниот телефонски разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.

Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп означи „нова ера“ во американско-руските односи и предизвика паника меѓу лидерите на ЕУ, пишува „Дејли Експрес“.

Трамп најави дека лично ќе се погрижи двете суперсили кои претходно си конкурираа да успеат да дојдат до конструктивна соработка. За време на разговорот, тој исто така вети поблиска соработка со рускиот лидер за меѓународните прашања, со самото тоа означувајќи го значителното затоплување на односите меѓу Москва и Вашингтон, истакнува весникот.

Овој телефонски разговор, кој очигледно беше топол и помирувачки, докажува дека Русија конечно излезе од сенка и сега ја зазема водечката позиција на меѓународната сцена, истакнува авторот на статијата.

Ваквиот развој на настаните не може да не го загрижува Брисел, кој сѐ повеќе се плаши дека новата американска администрација ќе ја стави европската политика во заден план. Лидерите на ЕУ сфаќаат дека зајакнувањето на односите меѓу Москва и Вашингтон не навестува за приврзаниците на анти-руската линија ништо добро, пишува весникот.

Најочигледно за стравовите Брисел сведочат неговите напади врз Трамп, кои се засилија по објавувањето на изборните резултати во САД. На пример, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека изборот на магнатот на функцијата претседател на САД е „закана за глобалната безбедност“.

Впрочем, ЕУ треба да се подготви за најлошото: ако САД кратко време по инаугурацијата на Трамп го променат официјалниот став за Крим, во односите меѓу Вашингтон и Брисел ќе настапи тежок период, заклучува авторот на статијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња