Путин: Порошенко е странски инвеститор

Претседателот на РФ Владимир Путин истакна дека претпријатието на украинскиот претседател Петро Порошенко во Русија „има некои проблеми поврзани со повратот на ДДВ“, но во целина „фабриката работи во ритам, исплаќа плата, има профит“.

Русија се обидува да го почитува правото на сопственост, ова се однесува и на фабриката „Рошен“ на украинскиот претседател Петро Порошенко во рускиот град Липецк.

Ова го потенцираше рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашањата на учесниците на сесијата на Клубот за дискусија „Валдај“.

„Ние се стремиме да го почитуваме правото на сопственост“, рече рускиот лидер, изразувајќи согласност со познатиот став на поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин за тоа дека „тоа е еден од столбовите на економската политика“.  „Кај нас не секогаш излегува така и треба да ја поправиме и праксата и во законодавството останува уште многу да се направи, но ние секогаш ќе се стремиме кон тоа“, изјави шефот на руската држава, пренесува ТАСС.

„Истото важи и за нашите странски инвеститори, вклучувајќи ги и украинските инвеститори. Петро Алексеевич Порошенко е еден таков инвеститор, имајќи предвид дека тој е сопственик на мошне голема компанија во Липецката област – фабриката „Рошен“, потенцираше Путин.

Тој притоа укажа дека станува збор за дури две претпријатија, од кои едното се занимава со производство. „Таму има некои проблеми поврзани со невраќањето на ДДВ и судските органи воведоа определени рестриктивни мерки“, рече Путин. „Но, фабриката работи во ритам, исплаќа плата, има профит и нема никакви ограничувања во врска со користењето на тој профит, вклучувајќи го и трансферот преку граница“.

Рускиот лидер истакна дека не се сеќава на точниот износ на профитот, затоа што тие не се задлабочува „во такви детали“, но фабриката „успешно работи“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња