Русија ќе гласа против трета транша кредит за Украина

Москва смета дека соопштението на ММФ за тоа дека Украина ги исполнила сите услови за добивање на уште една транша е неосновано. Според мислењето на рускиот министер за финансии Антон Силуанов, фондот во овој случај ги прекршил сопствените правила.

Рускиот претставник во ММФ ќе гласа против исплаќање на трета транша кредит на Украина, соопшти министерот за финансии на Русија Антон Силуанов.

„Денеска ќе ги дадеме потребните упатства на нашиот претставник во Меѓународниот монетарен фонд. Кога ќе се разгледува прашањето за уште една транша кредит за Украина, ние ќе гласаме против таа одлука, затоа што сметаме дека е донесена спротивно на постојните правила“, изјави Силуанов, пренесува РИА „Новости”.

Москва смета дека соопштението на ММФ за тоа дека Украина ги исполнила сите услови за добивање на уште една транша е неосновано. Според рускиот министер, фондот во овој случај ги прекршил сопствените правила.

Силуанов истакна дека Русија како членка на ММФ има право да гласа и планира да го брани својот став.

„Тешко е да се каже каква одлука на бордот на директори на ММФ ќе биде донесена на крај. Можно е повеќето членки на ММФ да имаат поинаков глас и гласот на Русија да не биде пресуден“, изјави министерот.

ММФ го стави прашањето за уште една транша помош за Украина на дневен ред на состанокот на бордот на директори на 14 септември.

Четирогодишната програма на ММФ за финансиска помош за Украина предвидува 17,5 милијарди долари за Киев. Во март 2015 година беше уплатена првата транша кредит од 5 милијарди долари, а во август оваа година Украина доби 1,7 милијарди долари.

Третата транша кредит беше одложувана поради политичката криза во Украина. ММФ потврди дека е подготвен да соработува со Киев по оставката на поранешниот премиер Арсениј Јацењук и именувањето на Владимир Гројсман за нов премиер на Украина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња