ММФ: Следната транша за Украина зависи од враќањето на долгот спрема Русија

Меѓународниот монетарен фонд ќе процени колку одговорно Украина му пристапува на решавањето на спорот за враќањето на долгот од три милијарди долари на Русија.

Бордот на директори на Меѓународниот монетарен фонд при донесувањето на одлуката за уплата на следната транша кредит за Украина, ќе ја земе предвид одговорноста која Украина ја покажува кога се работи за враќањето на долгот спрема Русија, соопшти директорот на ММФ за односи со јавноста Џери Рајс.

„Ние не учествуваме во преговарачкиот процес за овој долг (на Украина спрема Русија). И понатаму ги повикуваме Русија и Украина на преговори. Бордот на директори при утврдувањето на новата фаза на помош за Украина ќе ја земе  предвид одговорноста која Украина ќе ја покаже во тој процес“, изјави Рајс, пренесува РИА „Новости”.

Тој додаде дека за реализација на втората фаза на програмата за помош на Украина, и со самото тоа, за издвојувањето на следната транша на кредит од ММФ, исто така е потребно украинските власти јасно да покажат дека спровеле мерки во борбата против корупцијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња