Како Русија успеа да го заземе 4 место во Рио?

Навивач на Русија на натпреварот од 3 коло во одбојка на плажа за жени од помеѓу членките на репрезентацијата на Русија Евгенија Уколова и Екатерина Бирлова и членките на репрезентацијата на САД Лорин Фендрик и Брук Свет на XXXI Летни олимписки игри во Рио де Жанеиро.

Навивач на Русија на натпреварот од 3 коло во одбојка на плажа за жени од помеѓу членките на репрезентацијата на Русија Евгенија Уколова и Екатерина Бирлова и членките на репрезентацијата на САД Лорин Фендрик и Брук Свет на XXXI Летни олимписки игри во Рио де Жанеиро.

Константин Чалабов / РИА „Новости“
Дури и без дисквалификуваните атлетичари и дигачи на тегови, рускиот олимписки тим го зазеде четвртото место во вкупниот пласман.

Наспроти Олимпијадата во Рио беше невозможно да се прогнозира како ќе се пласира рускиот олимписки тим зашто до последен момент не можеше со сигурност да се каже кој конкретно ќе замине на Олимпијадата, ниту дали руските спортисти воопшто ќе учествуваат на неа.

Во текот на две недели интензивни натпреварувања Русија успеа да освои 56 медали: 19 златни, 18 сребрени и 19 бронзени. Руските спортисти во вкупниот пласман го зазедоа четвртото место, зад САД, Велика Британија и Кина – исто како и пред четири години во Лондон. Овој пат Русите освоија само три златни медали помалку одошто во 2012 година во Лондон, иако во Рио поради дисквалификација не заминаа екипите атлетичари и дигачи на тегови.

Во Рио заминаа само 280 спортисти од Русија (само за споредба, Америка испрати 567 свои спортисти). Со оглед на принудното отсуство на многумина врвни спортисти, 56 медали е голем успех, смета претседателот на Комитетот за физичка култура и спорт на Државната Дума Дмитриј Свишчов. „Мислам дека ни се украдени најмалку десетина медали, со оглед на бројот медали кои нашите атлетичари и дигачи на тегови ги освоија во Лондон“, изјави Свишчов за „Руска реч на македонски“. „Тука има и наша вина зашто дозволивме да дојде до тоа, но од друга страна, во една таква атмосфера, под мошне силна тензија и психолошки притисоци, мислам дека тоа е победа на сите спортисти“.

Како се дојде до таков резултат?

Победи во новите видови спорт

Русија во Рио освои најмногу медали во борење (4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени) и во мечување (4 златни, 1 сребрена и 2 бронзени). Борачите постигнаа сличен резултат како и во Лондон 2012 година, но затоа мечувалците ги надминаа сите очекувања.

Според Иљгар Мамедов, главен тренер на мечувалците, олимписки шампион од 1988 годи на во дисциплината флорет екипно, успехот во Бразил веќе предизвика голем интерес во Русија за овој спорт. „Тоа е мошне важно, зашто обично младите ретко тренираат мечување. Многумина тренираат фудбал, кошарка и хокеј, а нашиот спорт е од затворен тип“, изјави Мамедов за „Руска реч на македонски“.

Руската репрезентација во синхронизирано пливање. 18/08/2016. Извор / ReutersРуската репрезентација во синхронизирано пливање. 18/08/2016. Извор / Reuters

Како и секогаш, Русија ги однесе сите победи што можеше да ги однесе во синхронизирано пливање (2 злата) и во ритмичка гимнастика (2 злата и 1 сребро). Мошне помал успех се очекуваше во спортовите во кои Русите досега не котираа високо, односно во стрелаштво, велодромски велосипедизам, теквондо и во спортско едрење.

За волја на вистината на прв поглед се чини дека овој успех е неочекуван. Да кажеме, 19-годишната сурферка Стефанија Елтуфина која освои бронза во едрење на штица (класа RS:X), оваа сезона го освои првенството на Европа – прво на коешто учествува. Руската женска екипа во стрелаштво во Лондон 2012 година се бореше за бронза со Јапонките, а во Рио од Русинките беа подобри само беспрекорните Корејки. Анастасија Војнова и Дарха Шмељова на Олимпијадата во Рио заминаа како светски шампиони во велосипедизам на писта. Само Кинезинките ги надминаа во финалето на женскиот екипен спринт. Алексеј Денисенко пред четири години во Лондон направи сензација, освојувајќи бронза во теквандо, а оваа година беше втор, веднаш зад Јорданецот Ахмад Абу Гхоуш.

Од лево: Тујана Дашидоржиева, Ксенија Перова, Ина Степанова, добитнички на сребрени медали стрелаштво за жени на XXXI Летни Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Извор: Григориј Сисоев / РИА „Новости“Од лево: Тујана Дашидоржиева, Ксенија Перова, Ина Степанова, добитнички на сребрени медали стрелаштво за жени на XXXI Летни Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Извор: Григориј Сисоев / РИА „Новости“

На своите претходни позиции се враќа и руската машка гимнастичка школа. Мажите во Рио освоија екипно сребро во повеќебој, што е прв руски медал во оваа дисциплина од Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година, кога блескаше Алексеј Немов. Имаше медали и во поединечните дисциплини. Денис Абљазин го освои среброто во прескокнување и бронза на карики, а Давид Бељавски бронза во паралелен разбој.

„Кога бев во Рио ме интервјуираа репортери од американски и од англиски канали. Ме прашаа: Што мислите, дали руската репрезентација ќе биде меѓу првите десет? Со други зборови, веќе нè имаа отпишано“, вели за „Руска реч на македонски“ двократната олимписка шампионка Елена Замолотчикова. „Но, нашите спортисти покажаа дека сме мошне блиску до врвот“.

Репрезентацијата на Русија пристнува пред почетокот на финалето во гимнастика за мажи. Извор  / ReutersРепрезентацијата на Русија пристнува пред почетокот на финалето во гимнастика за мажи. Извор / Reuters

Напнатост и неизвесност

Руските спортисти потрошија многу нерви околу дозволата за учество на Олимписките игри во Рио де Женеиро.

Комисијата на Светската антидопинг (WADA) агенција во ноември 2015 година по истрагата за работата на Руската антидопинг агенција (РУСАДА) и Руската атлетска федерација (ВФЛА) ја обвини Русија за голем број кршења на антидопинг правилата. Потоа РУСАДА времено ја прекина работата, а Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IAAF) ја суспендираше ВФЛА и им забрани на руските атлетичари учество на сите меѓународни натпревари.

Летово комисијата на WADA под раководство на Ричард Мекларен објави извештај во кој се вели дека во Русија наводно постои државна програма за допинг, чија цел била победа на Олимпијадата во Сочи во 2014 година.

Агенцијата WADA засега нема предочено конкретни докази дека руските освојувачи на медали на Олимпијадата во Сочи користеле допинг. Извештајот на Мекларен се позиционира како прелиминарен документ кој треба да послужи како основа за понатамошна истрага. Но, МОК мораше по итна постапка да донесе одлука за учеството на спортистите од Русија, зашто во тој момент до Олимпијадата остануваа само неколку дена.

Своето право на учество на Олимпијадата мораа да го докажуваат и „чистите“ спортисти, особено оние кои во минатото биле казнувани поради допинг.

На крајот беше решено на Олимпијадата да заминат сите, освен атлетичарите и дигачите на тегови – ним им беше забрането учество на ниво на цел тим. Од ова правило беше исклучена само скокачката во далечина Дарја Клишина која веќе неколку години живее и тренира во САД и затоа нема врска со антидопинг системот во Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња