Воведувањето дополнителни санкции против Русија „е само почетокот“. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, ова го изјави претставник на администрацијата на претседателот на САД за време на брифингот со новинарите.
„Никој не треба да мисли дека ова е крај на она што е преземено. Ова е само почеток“, изјавено е во администрацијата на претседателот Обама.
Претходно претседателот на САД потпиша указ за можни санкции против клучните сектори на економијата на Русија. Покасно министерот за финансии на САД воведе санкции против 20 граѓани на Русија. Меѓу нив се Сергеј Наришкин, Сергеј Иванов, Владимир Јакунин, Сергеј Миронов, Олег Пантелеев, Игор Сергун и други.
САД, исто така, воведоа санкции и против банката „Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче