.„Претседателот не планира да учествува во Генералното собрание годинава“, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков. Путин исто така не планира да присуствува на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Турција и Русија во Анталија на 31 август. „Ќе навиваме отстрана“, изјави Песков.
Средбата меѓу Путин, канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд во Кина на маргините на самитот Г-20 сѐ уште се доработува, истакна Песков.
„Засега нема конечна потврда, засега се водат преговори по дипломатските канали“, ги пренесува зборовите на Песков „Комерсант“.
Претходно прес-службата на Кремљ соопшти дека тројцата лидери се договориле да се сретнат во Кина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче