Путин: Обединетите нации треба да се менуваат и усовршуваат

„70 јубилеј е добар повод да се навратиме на историјата и да поразговараме за заедничката иднина и историјата на настанувањето на ОН“, рече Путин.

Во својот говор на јубилејното заседание на Генералното собрание на ООН посветено на 70-годишнината од основањето на оваа организација, претседателот на Русија Владимир Путин рече дека ОН треба да се менуваат и да се усовршуваат.

„70 јубилеј е добар повод да се навратиме на историјата и да поразговараме за заедничката иднина и историјата на настанувањето на ОН“, рече Путин. „Клучните одлуки за создавањето на ОН се донесени во Русија, на Јалта и тој Јалтински систем е платен со животите на десетици милиони луѓе, со двете светски војни. Тој систем му помогна на човештвото да помине низ бурни настани да го сочува светот од големи потреси“.

ОН е структура која нема еднакви на себе, без оглед на сите критики во последно време, рече рускиот претседател.

„Несогласувања во ОН секогаш имало, во текот на сите 70 години од постоењето на организацијата. И правото на вето секогаш постоело, го користеа сите големи земји.  Не се ни очекуваше дека сите ќе бидат со исто мислење. Суштината е во правењето компромис, одлуките се усогласуваат низ резолуции, или не се усогласуваат, т.е. поминуваат или не поминуваат.

„Сѐ што не е усогласено противречи на меѓународното право“, нагласи рускиот претседател. „По студената војна се појави единствен центар на доминација, се појави  искушение дека тие кои доминираат да помислат дека најдобро знаат што треба да се прави. И затоа оние кои не се согласуваат само пречат, и затоа се појави ставот дека ОН е застарена организација. Се разбира, ОН треба да се менуваат и усовршуваат“, рече Путин на почетокот на својот говор во ООН.  

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња