Германски политичар: Путин им покажа на САД дека Русија е светска сила

„Замислете Русија да распореди свои ракети во Мексико и да каже дека мора да се заштити од Колумбија. Дали Американците би поверувале во тоа?“, се прашува познатиот германски политичар Грегор Гизи.

„Русија можеме да ја критикуваме поради многу нешта“, истакнува германскиот политичар Грегор Гизи во интервју за магазинот „Ди Велт“, кој во минатото беше на чело на фракцијата на „Левата партија“ во Бундестагот.

„Па сепак, треба да се каже дека Западот спрема Русија направи сериозни грешки. Тој повеќепати ги занемари руските интереси“.

Гизи потсетува на ситуацијата кога Западот „без резолуција на Советот за безбедност на ООН ја нападна Србија“.

„Тука спаѓа и одлуката за распоредување на американските ракети во Полска и Чешка“, продолжува тој. „Замислете Русија да распореди свои ракети во Мексико и да каже дека мора да се заштити од Колумбија. Дали Американците би поверувале во тоа?“.

Зборувајќи за санкциите против Русија, германскиот политичар изјави: „Тие во секој случај се погрешни“. Рестриктивните мерки „повеќе штета ни нанесуваат нам  отколку на Русија“, истакнува тој, додавајќи дека Русија отвора нови пазари во Азија и Латинска Америка.

Освен тоа, смета тој, како одговор на санкциите Москва „прави сѐ за да ја ослаби Европа“ – на пример, воспоставува односи со Турција.

„Дури потоа се забележува какви нус-ефекти има во моментов сопствената понекогаш непромислена политика“, истакнува политичарот.

„И Американците правеа грешки. Една од нив е изјавата на претседателот Барак Обама дека Русија е регионална сила“, изјави Гизи и додава дека „Путин е тип на борец со тигров зафат, на таков не смеете да му кажувате такви нешта. Покрај тоа, меѓу Путин и Обама не се воспоставија лични односи. Како и да е, „Путин во секој случај им покажа на Американците дека Русија во Сирија е сепак светска сила“, заклучува Гизи.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња