Кризата во Сирија може да биде решена само врз основа на меѓународното право, преку дијалог, се вели во коментарот на МНР РФ во врска со почетокот на операцијата на Вооружените сили на Турција во Сирија.
„Москва е длабоко вознемирена од она што се случува на сириско-турската граница. Пред сѐ, предизвикува вознемиреност можноста за понатамошна деградација на ситуацијата во зоната на конфликтот, ако се има предвид и можните жртви меѓу цивилното население и заострувањето на меѓуетничкиот конфликт меѓу Курдите и Арапите.
Убедени сме дека сириската криза може да биде регулирана исклучително врз цврста основа на меѓународното право, преку широк меѓусириски дијалог со учество на сите верски групи, вклучувајќи ги и Курдите, врз основа на одредбите од Женевското коминике од 30 јуни 2012 година, резолуцијата 2254 и другите одлуки на Советот за безбедност на ООН, донесени по иницијатива на Меѓународната група за поддршка на Сирија“, се вели во соопштението на дипломатскиот ресор на Русија, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче