Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара е подготвена да преземе заеднички чекори во Сирија како со меѓународната коалиција, така и со Русија.
„Турција е подготвена да преземе заеднички чекори со силите на меѓународната коалиција и со Русија“, изјави Ердоган, пренесува „Взгљад”.
Тој исто така изјави дека воената операција „Штитот на Еуфрат” која турската војска ја почна на северот на Сирија, има за цел да ги отстрани заканите од страна на терористичката организација „Исламска држава“ и силите на сириските Курди.
Претходно во средата министерот за внатрешни работи на Турција Ефкан Алал изјави дека операцијата на турските сили на северот ќе трае до ликвидирање на заканата од „Исламската држава“ во реонот на Џараблус.
Турската војска со поддршка од меѓународната коалиција почна воена операција за „чистење“ на сирискиот град Џараблус од терористите на ИД. Турските авиони извршија напади врз терористите, додека турските специјални сили ја преминаа границата и навлегоа на територијата на Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче