Министерството за надворешни работи на Русија ги повика партнерите да ги спречат киевските власти од преземање погрешни чекори кои можат да имаат најнегативни последици, се вели во соопштението објавено во четвртокот, 11 август, на сајтот на МНР Русија.
„Играњето со оган нема да донесе добро“, истакнуваат од рускиот дипломатски ресор, пренесува „Лента.ру“.
„Исто така би сакале да ги предупредиме како Киев, така и неговите странски покровители, дека штетата, нанесена на руската страна, загинувањето на руските војници нема да остане без последици“, додаваат од министерството.
Во изјавата на МНР исто така се вели дека претседателот на Украина Петро Порошенко „постојано се перчи со „безусловна поддршка од страна на САД, НАТО и ЕУ“ во „борбата за враќање на анектираниот Крим“.
„Поттикнувањето ваква реторика од страна на Западот несомнено одигра негативна улога при донесувањето од страна на украинското раководство на криминалните одлуки за организирање вооружени провокации на рускиот Крим“, потенцираат од руското МНР.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче