Украина не треба да ѝ ги врати на Русија 3 милијарди долари кои ги доби додека на власт беше поранешниот претседател Виктор Јанукович, изјави министерот за финансии на Украина Александар Даниљук.
„Тоа беше политички кредит кој бевме натерани да го земеме”, изјави министерот за „Еспресо.TV“.
„Нашиот став е дека ние не треба да ги вратиме тие пари“, додаде Даниљук.
Министерството за финансии на Русија на 17 февруари поднесе тужба во Врховниот суд во Лондон против Украина со цел наплата на долгот во висина од 3,075 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче