Русија ѝ дава на Украина време за да почне преговори за исплата на долгот

Руската влада донесе одлука да ѝ даде на Украина согласност за одложување на процесот по повод тужбата за наплата на долгот од 3 милијарди долари.

Министерството за финансии потврди дека РФ ѝ дала на Украина согласност за одложување на случајот по повод тужбата за наплата на долгот од 3 милијарди долари. Согласноста е дадена за да ѝ се обезбеди на новата украинска влада повеќе време за почеток на преговорите со Русија за исплаќање на долгот, изјави шефот на Министерството за финансии на РФ Антон Силуанов.

Претходно Министерството за финансии на Украина соопшти дека Русија се согласи на одложување на судењето по тужбата за наплата на долгот од 3 милијарди долари.

„Имајќи го предвид соодветното обраќање на тужениот кој се повика на политичка нестабилност, ние ѝ дадовме на новата влада на Украина одложување за да има Киев време трезвено да ја оцени ситуацијата, да ја ревидира претходно изјавената позиција, да почне совесни преговори со Русија за исплата на долгот“; рече Силуанов, пренесува ТАСС.  


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња