Американски политичар: Место закани, тунел меѓу Алјаска и Чукотка

Москва и Вашингтон можат да имаат огромна економска корист од изградбата на тунел под Беринговиот теснец кој би ги поврзал руската и американската територија, смета поранешниот сенатор на Алјаска и учесник во претседателската трка во 2008 година Мајкл Грејвел.

„Тоа е апсолутно изводливо и не е ништои потешко од изградбата на тунелот под Ла Манш“, вели политичарот во интервју за ТАСС.

„Место да си разменуваме закани, мораме да работите токму на проекти кои би нѐ обединиле“, инсистира Грејвел.

Тоа би бил тунел со должина од околу 80 км, а во иднина би можел да се претвори и во железница по која од Канада до Русија и понатаму, по Новиот пат на свилата на кој работат Русија и Кина, би се движеле возови со брзина од околу 600 км на час. Политичарот исто така кажа дека е убеден дека американскиот бизнис ќе ја сфати економската корист од овој проект и дека ќе вложува средства.

За доброто на луѓето е потребна токму таква заедничка работа меѓу државите која ќе гарантира развој на економијата и целото човештво, нагласува Грејвел. „Нам ни треба токму тоа, а не сегашниот систем, кога големите банки ограбуваат цели држави, а различни фактори како американските конзервативци и приврзаниците на либералниот интервенционизам почнуваат војни поради своите политички убедувања. Тоа што го имаме денес е погрешно“.

Поранешнитон сенатор исто така вели дека потенцијалот за економска соработка меѓу  источните региони на Русија и американските територии воошшто не е реализиран, а за тоа би помогнала токму изградбата на тунелот. Макар што и развојот на транспортната инфраструктура во Сибир, на Чукотка и на Алјаска би бил многу корисен, смета тој.

Според мислењето на сенаторот, спојувањето на САД и Русија по копнен пат е од големо значење и поради заемното разбирање. „Се разбира, овде пред сѐ се работи за ползата за индустријата, но тука е и културната поврзаност. Треба да се разбере дека на Алјаска Русија и сега присуствува на културен план, ние имаме споменици кои нѐ поврзуваат со неа“.

Мајкл Грејвел е сигурен дека таков тунел ќе се појави и дека ќе се надоврзе на Новиот пат на свилата. „Мислам дека може да поминат од 30 до 50 години до целосна реализација на овој проект“, смета американскиот политичар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња