Американските Индијанци имаат роднини на Сибир

Припадник на алтајските народа (лево) и американски Индијанец (десно).

Припадник на алтајските народа (лево) и американски Индијанец (десно).

Alamy/Legion Media
Меѓународна група генетичари докажаа дека Астеките, Инките и Ирокезите се во блиско сродство со народите од Алтај, регион во Русија кој се наоѓа меѓу централен Собир, Казахстан, Кина и Монголија.

На научниците одамна им се познато дека американските Индијанци се во блиско сродство со народите од Алтај. Хипотезата за миграција на Алтајците од Сибир преку Чукотка и Алјаска и понатаму на југ, сè до Огнената земја, се појави пред речиси 100 години. Оттогаш се обидуваа да ја докажат научници од разни универзитети во светот.

Кон крајот на 2015 година познатиот руски генетичар Олег Балановски постави точка на ова прашање. За време на неговото истражување воедно е откриено дека определена популација на Индијанците е во сродство со автохтоните жители на Австралија.

Како сибирските гени се пронајдени кај Индијанците?

Две водечки светски научни списанија Nature и Science во 2013 година објавија статии со комплетна анализа на геномот (геном – збир на сите гени од една гарнитура хромозоми – заб. ред.) на американските Индијанци и на нивните сибирски предци. Споредбата е извршена со жители од сите региони од светот.

Во првото истражување проучени се геноми на 48 лица од Бразил, а во второт – 31 геном на популација од сите делови на АМерика и на Сибир. Во двете истражувања е потврдени дека предците на американските Индијанци дошле во Америка од Сибир пред 20-30 илјади години.

Токму по овие публикации Балановски реши да спроведе уште посеопфатно истражување. Тој на своите колеги од странство и на научниците од сите земји од Западниот континент им ја соопшти својата одлука, а тие веднаш го прифатија неговиот повик.

Биобанка: 25.000 примероци ДНК, 90 народи

Во првата фаза од истражувањето научниците ги анализираа мострите на ДНК од руската биобанка. „Во нашата биобанка има над 25.000 примероци земени од претставници на 90 народи од Русија и од околните земји“, вели Балановски за „Руска реч на македонски“.

Во втората фаза ДНК-то што го извадивме од крвта беше анализирана според различни маркери. Тоа се Y-хромозоми (се наследуваат по машка линија), митохондријална ДНК (се наследува по женска линија) и други хромозоми кои се комбинираат од двајцата родители.

Резултатите од истражувањата го негираат секој сомнеж на научниците дека американските Индијанци се генетски поврзани со народите од Алтај. Но, во текот на истражувањето е дојдено до уште едно откритие. „Покрај сибирските предци, кај определен број индијанска популација откриено е и сродство со автохтоните жители на Австралија и Меланезија (острови во Тихиот океан). Ова е необично, зашто тие се наоѓаат на речиси спротивни точки од планетата“, појаснува Балановски.

Како Индијанците дошле во Америка?

Научниците веќе го пронајдоа патот по кој Индијанците од Алтај дошле во АМерика. „На местото на Беринговиот мореуз постоел копнен мост. Во периодот на замрзнување водата се собирала во глечери и нивото на СВетскиот океан се спуштило“, објаснува Балановски.

Тој прецизира дека засега не е јасно дали миграцијата од Австралија и од Меланезија се одвивала по морски или по копнен пат, односно по веригата на Алеутските острови. Археолозите сè уште го проучуваат ова прашање.

„Сегашното истражување ја потврди хипотезата дека народите од Алтај се во сродство со американските Индијанци. Ова е веќе недвосмислен доказ на фактот што бесмислено беше оспоруван“, коментира генетичарот Валериј Иљјински, соработник на Институтот за општа генетика при Руската академија на науките.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња