НАТО преминува од стратегија на поддршка на своите партнери во Европа на одвраќање на Русија, но продолжува да соработува со неа таму каде што тоа е можно, изјави во четвртокот министерот за одбрана на Русија Ештон Картер, пренесува РИА „Новости“.
„Централна тема на овој самит ќе биде понатамошниот развој на пристапот на НАТО во однос на Русија, кој е силен и балансиран – силен на планот на одвраќање на агресијата во Европа. Затоа една од важните теми на самитот ќе биде преминување од стратегијата на поддршка (на сојузниците), која стана првичен одговор на НАТО на незаконското однесување на РФ на Крим, кон фаза на одвраќање. Алијансата не се фокусираше на тоа 15 години, а сега го прави тоа“, истакна Картер.
Истовремено, истакна тој, „НАТО продолжува да работи со Русија таму каде што тоа е можно и како и претходно е отворен за поширока соработка со неа, како што беше од моментот на завршувањето на „студената војна“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче