Министерот за одбрана на Украина Степан Полторак (средина) го чека почетокот на состанокот на Комисијата НАТО-Украина во штабот на НАТО во Брисел во средата, 15 јуни 2016.
APЗа време на дводневниот форум на НАТО на 14-15 јуни во Варшава украинскиот министер за одбрана Стјепан Полторак ја претстави „мапата“ на реформите во одбранбениот сектор, кои треба да ја донесат украинската армија до стандардите на Северноатлантскиот сојуз до 2020 година. Како резултат на тоа, голем број земји од блокот веднаш побараа доделување на дополнителна финансиска помош за Киев, како и сестрана политичка поддршка за земјата.
Меѓу најблиските планови на Украина е пристапувањето кон мисијата на НАТО за патролирање во Црното Море заедно со Турција, Романија и Бугарија (сите тие се со излез на Црното Море, како и Русија).
Овој чекор ја растревожи Москва и руското МНР побрза да објави дека Русија се однесува „особено сериозно и внимателно“ кон новата идеја на својот јужен сосед.
„Ние ги следиме внимателно настаните поврзани со ова прашање и се надеваме дека тоа нема да предизвика зголемување на опасноста во овој регион. Го задржуваме правото да преземеме адекватни контрамерки“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Григориј Карасин за РИА „Новости“.
Украина одамна изјавува желба да се приклучи на НАТО и да стапи во паневропското семејство. Земјата ја користи секоја можност за учество во воените маневри на блокот, за да ја покаже својата приврзаност кон овој курс.
Но, поради недостаток на финансии и сигурен сервис на бродовите, во последните 25 години украинскиот флота не е во особено добра состојба.
„Флотата на Украина не ја поседува претходната моќ и бара големи финансиски средства за модернизација. Земјата има само неколку бродови со ограничена воена моќ. Практично на Киев му остана само лидерот 'Гетман Сагајдачни', единствениот брод, кој може да учествува во слични маневри. Останатото се мали патролни бродови“, коментира за „Руска реч на македонски“ воениот набљудувач на весникот Известија Дмитриј Сафонов.
Според него, маневрите на НАТО и руски бродови на Црно Море се „пловење во мала локва, во која бродовите буквално се удираат еден од друг“.
Според мислењето на воениот експерт на ТАСС, пензионираниот полковник Виктор Литовкин, Русија нема да преземе никакви нагли и безумни потези, а на Кримскиот полуостров ќе продолжи модернизацијата на воената инфраструктура онака како што е предвидено.
„Преземени се низа мерки за зајакнување на безбедноста на руските граници во овој сегмент и моментално министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу лично врши увид на воената инфраструктура на полуостровот“, вели експертот.
Тој потсети дека Русија изврши модернизација на паркот на ловци на Крим и достави во регионот авиони Су-30СМ од генерација 4+, кои можат да носат противбродски проектили. На полуостровот беа префрлени и подводни ракетни комплекси со ракети Бал и Бастион, кои можат да поразуваат цели на излезот на Босфорскиот теснец (кој ги поврзува Црното Море со Медитеранот и кои се под контрола на Турција).
„Русија исто така поставува радарски системи од новата генерација, способни да ја контролираат надводната, подводна и воздушна средина во регионот. Спроведува и голема модернизација на Црноморската флота, кон која неодамна беше приклучена подморница, опремена со ракети Калибар со дострел од 2.500 километри“, додава Литовкин. Според него во случај на потреба Москва може да го пренесе на полуостровот и стратешки бомбардери од далечната авијација Ту-22М3.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче