Министерката за одбрана на Германија Урсула фон дер Лаен ја повика Москва отворено да информира за движењето и бројноста на својата војска.
„Би било разумно НАТО и Русија во рамките на ОБСЕ отворено да ги соопштуваат информациите за движењето и бројноста на својата војска. НАТО, кој е исклучително одбранбен сојуз, одамна го упати тој предлог“, изјави министерката во интервјуто за весникот „Билд ам Зонтаг“.
Фон дер Лаен ја поддржа стратегијата што НАТО ја применува како одговор на „агресијата”.
Таа истакна дека е неопходно да се подобрат односите со Русија, но за да се постигне тоа, Москва мора да се придржува до меѓународните правила.
„За дијалог се потребни најмалку двајца“, изјави германската министерска за одбрана, пренесува РИА „Новости”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче