НАТО ја предлага заборавената идеја на Медведев

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Ројтерс
НАТО има намера повторно да го разгледа Виенскиот документ на ОБСЕ, врз основа на кој се засновуваше системот на безбедност помеѓу Русија и Европа по „студената војна“. Фактички алијансата излезе со иницијатива која уште во 2008 година ја предлагаше тогашниот претседател Дмитриј Медведев.

„Русија и НАТО не се враќаат кон претходната соработка. Меѓу страните постојат сериозни несогласувања кои сè уште ги немаме надминато“, подвлече генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг на прес-конференцијата на 20 април.

Советот Русија – НАТО се најде парализиран во 2014 година по промената на статусот на Крим, а кримскиот проблем останува главен за сегашната состојба на односите помеѓу Москва и алијансата. Без оглед на тоа за три теми преговорите се обновија.

Првата е процесот на решавање на конфликтот на истокот од Украина. Страните беа едногласни во оценката за тоа дека минскиот договор треба да се реализира.

Втората тема е зацврстување на координацијата на дејствијата за избегнување опасни инциденти. Последниот од нив се случи минатата недела, кога рускиот бомбардер Су-24 изврши опасен маневар над извидувачот Donald Cook во Балтичкото море. Русија, од своја страна, е загрижена поради зголеменото присуство на НАТО на нејзините граници.

Третиот проблем е Авганистан. Алијансата е сè уште воено присутна тука, а Русија е загрижена поради зголемената активност на терористичките групи, вклучувајќи го и радикалното движење „Талибан“.

Сенката на Медведев

Столтенберг двапати подвлече дека Северноатлантската алијанса има намера да го ревидира Виенскиот документ, врз основа на кој Русија и НАТО соработуваа во сферата на безбедноста од деведесеттите години на минатиот век. Сепак, генералниот секретар не објасни за какви измени во документот станува збор. Сепак, очигледно е дека алијансата веќе започнала да работи на документот, со кој ќе се измени структурата на безбедноста во Европа. Оваа идеја, во крајна линија според сегашната формулација, ги копира предлозите кои уште во 2008 година ги изнесе тогашниот претседател на Русија Дмитриј Медведев по руско-грузискиот воен конфликт во Јужна Осетија.

„Уште тогаш Медведев зборуваше за тоа дека руските власти на проширувањето на НАТО кон Истокот гледаат како на закана за сопствената безбедност, - вели за Газета.Ru членот на советот на ПИР-центарот Дмитриј Поликанов. – Овие сомнежи претседателот на РФ предложи да бидат решени со помош на новиот договор, кој ќе го подобри системот на колективната безбедност во Европа и ќе ги прецизира нејасните термини“.

Во 2009 година предлогот на спогодбата беше ставен на масата на тогашниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен, но неговото разгледување не започна.

Со тоа дека системот на европската безбедност треба да се смени се согласува и Роберт Пшел, извршен директор на информбирото на НАТО во Москва. Според него, Русија предизвикува особена грижа со своите вежби.

„Од гледна точка на Виенскиот договор секоја земја има право, без за тоа да соопшти, да спроведува вежби, доколку тие се спроведуваат непланирано. Русија во последно време се користи со оваа правна можност постојано и на непланирани воени вежби, според нашите податоци, собира и до 100 илјади луѓе“, вели Пшел за Газета.Ru.

Без интерес

Во врска со тоа зошто НАТО ја игнорирало иницијативата на Медведев додека односите сè уште не беа толку влошени, Пшел објасни дека рускиот проект бил премногу амбициозен. „Стануваше збор за тоа дека ваквиот документ ќе поставува ограничувања за дејствијата на алијансата. Освен тоа, основното разгледување се одвиваше во рамките на ОБСЕ. Имено оваа организација, а не НАТО, го одби предлогот на Русија“.

Шефот на руската делегација, постојаниот претставник на РФ при НАТО Александар Грушко забележува дека изминатиот настан самиот по себе зборува за тоа дека проектот под наслов „изолација на Русија“ е пропаднат. „Ги минавме сите основни прашања поврзани со состојбата на безбедноста во Европа. Само по себе тоа не е лошо“, вели дипломатот за телевизискиот канал Росија 1.

Во исто време дипломатот изјави дека Русија не е премногу заинтересирана за востановување на односите со НАТО. Според Грушко, Москва „не чувствува апсолутно никаква неудобност“ од парализираниот Совет Русија – НАТО, со оглед на тоа дека соработката во сферата на безбедноста со западните партнери има билатерален карактер.

Според официјалната изјава на МНР на РФ, земјата смета на тоа дека „и во НАТО можат да покажат политичка волја“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња