Штајнмаер: Ние Германците сме им безмерно благодарни на Русите

„Мирот во Европа не треба да се сфаќа како нешто што се подразбира. Дури ни денес!“, пишува германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штанмаер во колумна за „Комерсант“ во која зборува за лекциите од II Светска војна за Германија и Русија.

Последиците од Втората светска војна и за Германија и за Советскиот Сојуз беа ужасни, пишува Штајнмајер во специјалната колумна за „Комерсант“. Опстанокот ги чинеше Советите повеќе од 25 милиони животи, за уште поголем број на луѓе таа војна донесе глад, глад и ги принуди да ги напуштат своите домови. На огромната територија на СССР војната остави зад себе неописливи урнатини. А судбина на агресорите беше смрт и насилство, заробеништво.

„Санкт Петербург (блокадата на Ленинград), Волгоград (битката за Сталинград), битката за Киев, злосторствата во Бабји Јар и битката на Минск - сето тоа се симболи на херојскиот отпор и ужасите на војната на Истокот, војна која ги збриша сите придобивки на цивилизацијата“, вели Штајнмаер.

„Оние кои често ги посетуваат Русија, Украина, Белорусија, знаат колку е жива во свеста на луѓето Големата татковинска војна. Жива е не како ехо на историјата, туку како дел од сегашноста - со сите ужаси на војната, но, исто така, и со гордост за победата“.

„Ние, Германците, сме им неизмерно благодарни на Русите, Украинците, Белорусите и другите народи на поранешниот Советски Сојуз, бидејќи и покрај злосторствата на германскиот народ, ја подадоа раката на помирување и поради тоа по трагичното искуство од војната, насилството, варварството, страдањето, можеше да се роди нешто што ќе нѐ обедини како резултат на воспоставената соработка, па дури и пријателските односи“.

„Зачувувањето на споменот за ужасите на Втората светска војна и вината на Германија беше, е и ќе биде услов за помирување на нашите земји“, убеден е германскиот министер.

Тој, исто така, додава дека е невозможно да се разбере колку зло пред 75 години можеле да нанесат луѓето во модерна, развиена, прогресивни, цивилизирана Европа. „Тој поглед во минатото бара од нас да направиме сѐ што е можно да се зачува мирот во Европа по најстрашната војна која светот некогаш ја видел“.

„Мирот во Европа не смее да се сфати како нешто што се подразбира. Дури ни денес! Зачувувањето на мирот е можно само ако работиме на тоа секој ден. Ние, кои денес ја сносиме одговорноста за мирот, мораме да ги знаеме правилните лекции од нашата заедничка историја“, вели Штајнмаер.

Германскиот министер на крајот на својата колумна истакнува дека Европејците никогаш не треба да заборават дека секогаш имало и ќе има повеќе причини за обединување отколку за разединување.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња