22 јуни 1941: што знаеше Сталин?

Исак Бродски (1889 - 1939): Сталин

Исак Бродски (1889 - 1939): Сталин

Дали Сталин го знаел датумот на нападот на Германија врз СССР? Какви извештаи во врска со тоа добивал од органите на државната безбедност? Одговорите на овие прашања со децении ги интересираат научниците. Неодамна беше симнат печатот од државната тајна со нови материјали поврзани со овој проблем.

Сталин во повеќе наврати бил информиран за изградбата на фортификациски објекти на источните граници на Германија. Уште на 1 август 1940 година народниот комесар за внатрешни работи на СССР Лаврентиј Берија на Сталин му ги соопштил податоците што пристигнале од тајните агенти за тоа дека Германците на границата со Советскиот Сојуз градат привремени и трајни фортификациски објекти.

Други соопштенија се однесувале непосредно на разузнавачките податоци за подготовката на Германија за војна со Советскиот Сојуз. 

Сведоштва за ужасите на фашизмот
Павел Маркович Рубинчик се нарекува себеси случајно преживеан. Ветеран на Големата татковинска војна, поранешен затвореник во фашистичките концентрациони логори и во гетото, основач на музејот на Холокаустот, за читателите на „Руска реч на македонски“ зборува за своите сеќавања и за тоа колку пати успеал по чудо да се спаси од смртта.

Генералниот штаб на Црвената армија во октомври 1940 година го информирал Сталин дека германски групи пристигнуваат во Финска. Тајните агенти соопштувале дека Германија и Италија во Романија успешно организираат силни формации за офанзива на левото крило на фронтот на СССР, и за таа цел италијанските групи се преместуваат на овие позиции. По завршувањето на дислокацијата обете крила на фронтот на СССР ќе бидат во голема опасност од самиот почеток на воените дејствија. 

Од Лондон и од Букурешт 

Вонредниот и ополномоштен амбасадор во Велика Британија Иван Мајски на 26 февруари 1941 година соопштил дека според информации од чешките кругови Германците интензивно работат на изградба на фортификациски објекти на германско-советската граница. 

Во одредени единици на германско-советската граница во ноември 1940 година биле делени мали џебни германско-руски речници со ист список на изрази како германско-чешките речници што им биле делени на германските единици наспроти окупацијата на Чехословачка. 

Ополномоштениот дипломатски претставник на СССР во Романија Анатолиј Лаврентјев, на 16 април му соопштил на Сталин дека советникот на француската мисија Шпицмилер во разговор со секретарот на Владата на СССР Михајлов изјавил дека германски трупи се концентрираат во Молдавија. Овие информации ги потврдил и полковникот Севен, воен аташе на Франција кој присуствувал на овој разговор. 

Германците во Финска и во Шведска вршеле големи подготовки за војна. Доаѓањето на шведскиот воен аташе во Букурешт Севен го ставил во директна врска со подготовка за војна. Според неговите сознанија, група романски офицери која била во посета на Германија по покана на германскиот генералштаб, имала разговори за претстојната војна во СССР. Севен врз основа на овие податоци добиени од други извори сметал дека војната е неизбежна. 

Датумот не бил познат 

Битката за Крим во Големата татковинска војна
Големата татковинска војна за Крим започнала, како и за целиот Советски Сојуз, утрото на 22 јуни 1941 година, а завршила пред точно 70 години, во мај 1944 година.

Сите знаеле дека војната е неизбежна. Органите на државната безбедност добиле и му ја пренеле на Сталин информацијата дека Хитлер го усвоил планот „Барбароса“ и издал наредба за непосредна подготовка за војна. Меѓутоа, не се знаело кога овој план треба да биде реализиран. 

Органите на државната безбедност во повеќе наврати известувале за датумот на напад врз СССР, но тој датум секогаш се менувал. Нормално е дека по петтиот-шестиот извештај за нов датум за почеток на војната, Сталин престанал да им верува на овие информации. 

За него, судејќи според сè, најверодостојна верзија била дека Германија ќе почне да војува со Советскиот Сојуз откако ќе ја победи Англија. Тој не очекувал поинаков развој на настаните. 

Сталин сфатил дека на Хитлер за војната со Англија му се потребни жито и нафта, односно производите што Германија ги добивала од СССР. Поедноставно било и понатаму да се користат овие материјални добра во мирни услови и да не се започнуваат воени дејствија кои сигурно нема да ја стимулираат испораката на ваквите производи од окупираните територии. Смирувачки делувало и регулирањето на односите со Јапонија како сојузник на Германија. Како што е познато, министрите за надворешни работи на Јапонија и на СССР на 13 април 1941 година во Москва потпишале петгодишен пакт за неутралност. 

Политичкото раководство на Советскиот Сојуз се обидувало колку што е можно да го одложи почетокот на претстојната војна. Причина за тоа бил фактот што Црвената армија на територијата на европскиот дел на СССР не успеала да се модернизира. Подоцна Сталин ќе му каже на премиерот на Велика Британија Винстон Черчил дека на Советскиот Сојуз му била потребна уште половина година мир. 

Авторот е историчар. 

Објавено во списанието „Родина“, 2015 година, број 6. Рускиот оригинал може да се најде тука

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња