Украинската Рада со закана за крај на дипломатските односи со Русија

Пратеникот на Врховната рада Сергеј Собољев не ја отфрла опцијата за прекинување на дипломатските односи на Украина со Русија поради нападот на амбасадата на оваа земја во Москва.

Ноќта меѓу петокот и саботата стотици млади луѓе фрлаа со јајца врз амбасадата на Украина во Москва, а потоа побегнаа. Според неименуван соговорник на РИА „Новости“ од страна на полицијата во текот на акцијата немало „судири во кои би била употребена сила“.

Протестот претставува своевиден одговор на нередите во Одеса, кога стотици националисти го блокираа рускиот конзулат со намера да ја попречи свеченоста по повод „Денот на Русија“. Според зборовите на конзулот, од луѓе кои се обиделе да влезат на одбележувањето на националниот празник на Русија радикалните активисти барале од нив на колена да ѝ се „извинат“ на Украина. Покрај тоа, тие го гаѓаа конзулатот со јајца и поставија „бесилка“ пред зградата.

На овој настан реагираше и руското МНР.

Ниеден друг инцидент Соболев не го смета за особено сериозен и признава дека прекин на дипломатските односи е „природна процедура во такви случаи“.

Пратеникот не објасни дали ќе продолжи со својата работа по инцидентот украинската амбасада во Москва, истакнувајќи дека таква одлука треба да донесе претседателот на Украина Петро Порошенко, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња