Јароваја: Прогласувањето на Русија за закана за Германија изгледа злокобно

Претходно весникот „Ди Велт“ соопшти дека Министерството за одбрана на Германија е при крај со работата над „Белата книга“ за националната безбедност на Германија во која Русија е наведена како закана за Германија.

Претседателот на Комитетот на Државната дума за безбедност и борба против корупцијата Ирина Јароваја изјави дека можното прогласување на Русија за закана за Германија изгледа злокобно. Така таа ја коментираше информацијата дека Русија е прогласена за еден од предизвиците за Германија во новиот концепт на националната безбедност.

„Дури и самиот предлог да се прогласи Русија за закана за Германија - по неодамнешното реиздавање на „Мојата борба“(„Мајн Кампф“, книгата на Адолф Хитлер, во Русија е ставена на листата на екстремистички материјали) - изгледа злокобно“ ја цитира Јароваја нејзината прес-служба.

Според пратеничката, „во пресрет на 75-годишнината од перфидниот напад од страна на фашистичка Германија врз СССР германските политичари треба да бидат особено одговорни“. „Тогаш амбициите и желбата да се доминира ги однесоа животите на милиони невини граѓани на нашата земја и нашите војници кои го спасуваа светот од фашизмот“, потсети политичарот. Таа истакна дека „било каква форма на застранување од курсот поради претенциозните политички амбиции секогаш ги чинат скапо народите“.

Јароваја истакна дека „ако се објави минута молчење за сите жртви на фашизмот, светот ќе замолчи за 50 години“. „Тоа е зошто нашата земја и нашиот народ, кои му го дарија мирот на светот, многу го ценат повоениот светски поредок на безбедност, никогаш не сакале и не сакаат војна. Можеби модерните политичари во Германија на 22 јуни ќе ја наведнат главата за минута молчење за силно да ја почувствуваат неправедноста на нападите на адреса на нашиот народ денес“, претпостави претседателката на комитетот.

„Сакаме да веруваме дека германскиот народ, исто како и ние, ги цени заемната доверба и почит. Ова не е прашање на прекор за минатото, ова е прашање на одговорноста за иднината“, заклучи Јароваја, пренесува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња