Владата на Германија првпат од 2006 година се подготвува да ја обнови својата „Бела книга“ – стратегијата за национална безбедност на земјата. Документот составен од Министерството за одбрана е коригиран од страна на останатите безбедносни структури и како резултат на тоа се внесени низа клучни измени, вклучително и во однос на Русија – Москва отсега се смета не за „партнер“, туку за „соперник“, пишува „Ди Велт“.
Според мислењето на авторите на документот, Русија ја брише границата помеѓу војна и мир. „Москва ги промовира своите интереси со насилни методи, самоволно ги менува границите гарантирани со меѓународното прави и затоа претставува закана за светскиот поредок во Европа, формиран по крајот на студената војна“, се вели во стратегијата. Исто така се истакнува дека Русија „оддалечува од Запад, го зацврстува стратешкото соперништво и ја засилува воената активност на надворешните граници на Европската унија“.
Особен немир кај авторите на документот предизвикува „употребата на дигиталните комуникации за влијание врз јавното мислење: од неофицијална контрола над дискусиите во социјалните мрежи до манипулирање со информациите во вестите“, потенцира изданието.
Сето тоа, сметаат безбедносните служби, може да има сериозни последици за Германија „затоа што без фундаментална промена на курсот Русија во блиска иднина ќе претставува предизвик за безбедноста на нашиот континент“, се резимира во стратегијата.
Во документот се наброени вкупно десет закани за Германија, меѓу нив се меѓународниот тероризам, радикалниот национализам, прашањето на миграцијата и ризиците од епидемии поради пораст на бројноста на населението.
„Белата книга“ треба да биде одобрена пред почетокот на летните одмори, прецизира германскиот весник.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче