Фудбалер на „Шалке” ќе игра за Русија на Европското првенство

Фудбалерот Роман Нојштетер, кој е роден во Украина, претходно побара руско државјанство.

Претседателот на Русија Владимир Путин му додели руско државјанство на фудбалерот Роман Нојштетер.

„Согласно Член 89 став „А“ од Уставот на Руската Федерација решено е позитивно да се одговори на молбата на Роман Нојштетер, роден на 18 февруари 1988 година во Украина, за доделување на државјанство на Руската Федерација“, се наведува во указот на претседателот на Русија, пренесува „Взгљад”.

Претходно министерот за спорт на Русија и претседател на Рускиот фудбалски сојуз Виталиј  Мутко соопшти дека фудбалерот на германски „Шалке“ Роман Нојштетер, кој доби повик за подготовките на репрезентацијата на Русија за Европското првенство 2016 година, фактички е веќе државјанин на Русија и дека преостанува да се решат само детали во врска со тоа прашање.  

Селекторот на репрезентацијата на Русија Леонид Слуцки истакна дека „не  планирал дека за него ќе измислува некоја нова позиција“. „Мислам дека сите знаат дека тој може да игра на позицијата централен одбранбен играч и заден играч за врска. Имаме две недели подготовки конечно да ја одредиме неговата позиција“, изјави тренерот.

Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули во Франција. Руската репрезентација во групната етапа ќе игра против Англија, Словачка и Велс.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња