Часовникот во центарот на Москва на 18 септември почна да ги одбројува деновите, часовите, минутите до почетокот на Светското фудбалско првенство во 2018 година, a преку видео-врска од Сочи насобраните ги поздрави претседателот на Русија. Владимир Путин рече дека е сигурен дека СП 2018 ќе влезе во историјата на светскиот спорт.
„Русија прави сѐ за достојно да ги дочека репрезентациите и навивачите“, изјави Путин.
На свечената церемонија учествуваат фудбалерите од репрезентацијата на Русија Игор Акинфеев и Александар Кержаков. Датумот не е случајно избран затоа што до почетокот на СП останаа точно илјада денови. По тој повод Црвениот плоштад беше претворен во фудбалски терен на кој своите вештини ги покажаа деца до 16 години возраст од Германија, Шпанија и Италија – земјите победнички на последните три првенства. На турнирот учествуваше и Русија како домаќин на следниот Мундијал. Меѓу почесните гости беа ѕвездите на светскиот Лотар Матеус, Џанлука Замброта и Фернандо Иеро.
„Од руската репрезентација може да се очекува секаков резултат“, дели комплименти Лотар Матеус, „па и победа. „Сборнаја“ има нов тренер, играат одлични фудбалери, а ќе помогне и тоа што ќе играат во својата земја“, вели светскиот шампион од 1990 година.
Светското првенство во фудбал ќе се одржи во Русија од 14 јуни до 15 јули 2018 година. Домаќини на натпреварите ќе бидат 11 градови, а финалето ќе се одржи на московската арена „Лужники“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче