Перспективи за економски раст во Русија при постојниот економски модел засега нема. Ова го изјави првиот човек на Советот на Фондот Центар за стратешки дизајни, заменик-претседател на економскиот совет при претседателот на РФ, поранешен министер за финансии на Русија Алексеј Кудрин во интервју за емисијата „Вести во сабота“ со Сергеј Бриљов“ на телевизијата „Русија 1“.
Тој потенцираше дека најважното денес во руската економија е растот. „Ми се чини дека на нашата економија во моментов ѝ недостига определена решителност. Одолговлекуваме со важните реформи. Тоа ќе биде причина и за одолговлекувањето на почетокот на економскиот раст“, истакна поранешниот член на владата.
Кудрин предлага усвојување на нова возрасна граница за пензионирање – за мажите и жените да биде на 63 години. „Тоа не е за сега. Дури и ако по половина година ја зголемуваме пензиската возраст, тогаш тоа ќе се случи за мажите по 6 години, за жените тоа ќе биде подолго“, соопшти тој.
Според неговите зборови, „бројот на пензионери расте, а пари за пензии нема“, затоа зголемувањето на пензиската возраст може да реши истовремено неколку актуелни проблеми во руската економија, меѓу нив и прашањето за задржување на високата или зголемување на пензијата на оние кои веќе престанале да работат.
На 20 мај претседателот на Русија Владимир изјави дека руската економија го поминала дното во 2015 година. Истиот ден министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев изјави дека економијата на Русија излегла од рецесија.
На 19 мај ММФ објави извештај во кој се истакнува дека сегашниот економски пад во Русија е помалку значаен отколку во времето на претходните рецесии, благодарение на пакетот економски мерки донесен од руските власти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче