Во споредба со последните кризи во руската економија овој пат населението многу побргу осиромашува. Според резултатите од 2015 година количеството стока купена од страна на жителите на земјата е намалено за 10%. Дури и во најтешката криза од поновата историја на земјата во 1998 година, овој показател падна за само 5%, а по светската финансиска криза од 2009 година за 4%.
Населението има сè помалку пари и од друга причина. Претпријатијата намерно ги намалуваат платите, со цел да ја сголемата сопствената добивка. Во 2015 година номиналната плата порасна за 4.6%, а добивката на компаниите за 49%. Една од причините за ова е отсуството на ефикасни синдикати во Русија, кои би можеле да ги заштитат правата на работниците.
Од 2014 година во Русија функционира слободен курс на рубљата, при кој вредноста на руската валута ја определува пазарот. По ова рубљата во однос на американскиот долар и на еврото падна за 60%, при што вредноста на рубљата се менува според цената на нафтата. Како резултат на тоа, рубљата може за еден месец да падне или да порасне за 20%. Можните осцилации на курсот се индексираат во цената на сите договори во земјата.
Според пресметките на економистите, нестабилноста на валутата предизвикува 7% инфлација годишно. За споредба, според резултатите од 2015 инфлацијата во Русија изнесувала 15.5%. Во ваква ситуација стапките на бакнкарските кредити, меѓу кои и за набавка на опрема, не можат да бидат помали од 15-20%. Така доаѓаме до ситуација претпријатијата едноставно да немаат средства за набавка на нова опрема и за проширување на производството, а тоа е посебен голем проблем.
Според резултатите од 2015 година во Русија во споредба со кризните 2008-2009 година БДП и различни индустриски гранки не паднаа толку многу. На пример, БДП се намали за 3.7% наместо 7.9%, обемот на градежните работи за 7% наместо за 16%, а обемот на железнички сообраќај воопшто не е намален.
Според економистите, лошата вест е во тоа што многу повеќе паднале показателите кои го определуваат економскиот раст во перспектива, а во прв ред тука е обемот на инвестициите. Така, инвестициите во основните фондови паднаа за 8%, а увозот на опрема од странство падна за 38%. Како резултат на ова во Русија просечно опремата работи 14 години наспроти 7 на Запад, а околу 20% од машините го надминале рокот на експлоатација и можат да бидат исфрлени во секој момент.
Своите инвестициски програми ги намалуваат дури и најбогатите нарачатели во земјата – компаниите за нафта и гас. Според пресметките на академик Абел Аганбегјан, при цена од 35 американски долари за барел, инвестициите на нафтените компании се намалени за 20%, а гасниот монопол Гаспром може да ги одложи инвестициите во гасоводот „Сила Сибири“ од Русија во Кина за иднина.
Да, без оглед на политичките изјави, кинеските инвестиции не дојдоа на рускиот пазар. Згора на тоа, некои инвеститори од оваа земја почнаа да ги изнесуваат своите средства од Русија. Така, на 4 февруари кинескиот фонд Chengdong Investment реши да го продаде својот удел на Московската берза.
Како замена на Кинезите можат да дојдат инвеститори од Индија; своевремено СССР заедно со Индија реализаираше голем број инвестициски проекти.
Сепак, најверојатен е прилив на средства од западните пазари на капитал. Во многу европски земји постојат негативни камати. Тоа значи дека во самата земја парите не речиси и да немаат вредност, така што инвеститорите се принудени да бараат проекти во странство.
Руските баратели на заем, вклучувајќи ја и владата на земјата, отсекогаш биле едни од најдисциплинираните и најпунктуалните плаќачи на долгови. Не случајно на 7 февруари Министерството за финансии на Русија поднесе барање до 25 странски банки за организација на еврообврзница во 2016 година. Последен пат Русија зеде пари на меѓунароните пазари во септември 2013 година, кога продаде хартии од вредност во износ од 6 милијарди американски долари.
Текстот се засновува на материјалите на учесниците на форумот Foreigner’s Life: рефератот на академикот Абек Аганбегјан, поранешниот заменик-претседател на Централната банка Константин Коришченко и директорот на одделот за макроекономско прогнозирање на Внешекономбанк која е клучна институција во развојот на земјата Олег Засов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче