„Украина има приход од над две милијарди долара од транзит. Опасноста која ѝ се заканува ако остане без тие приходи личи на обид за притисок в моментот кога нејзината економија е ослабена. Не знам како ќе го преживеат тоа“, изјави Хохстајн.
Тој исто така изјави дека „не се согласува со тоа дека „Северен тек 2“ е комерцијален проект“.
Според неговите зборови, „комерцијалната добивка од изградбата на новиот гасовод за 12 милијарди долари при постојна инфраструктура и ниски цени на гасот во денешно време е сомнителна“.
Покрај тоа, според Хохстајн, „гасоводот преку Украина работи и работеше добро“.
Според процените на Хохстајн, пуштањето во работа на „Северен тек 2“ ќе ѝ овозможи на Русија заштеда од 2 милијарди долари годишно, така што на тој начин проектот за шест година ќе се исплати. Тоа доволно ја докажува неговата економска ефикасност, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.