„Бизнис Инсајдер“ ја прогласи руската армија за најсилната воена сила во Европа

Global Look Press

Магазинот „Бизнис Инсајдер“ состави топ-листа на 25 најсилни армии во Европа, на која Русија го зазеде првото место.

Основните фактори за изработка на оваа листа беа: бројноста на армијата кога е во прашање живата сила, потоа количината на расположливата борбена техника и авијација, како и вкупниот буџет што се троши за нејзино одржување.

Според изворите на овој магазин, руската армија моментално брои околу 3,5 милиони војници, има 4000 авиони, повеќе од 20000 тенкови и 350 воени бродови. Одбранбениот буџет на Русија е проценет на 47 милијарди американски долари.

На второто место се наоѓа француската армија која има десет пати помалку војници (според наводите на овој сајт - 388000), околу 1200 авиони, преку 400 тенкови и повеќе од 100 борбени пловила. Одбранбениот буџет кој Франција го издвојува за својата војска достигнува 40 милијарди долари.

На трето место се наоѓа Велика Британија чија војска располага со околу 280000 војници, 200 тенкови, 800 авиони и 70 воени бродови. Меѓутоа, оваа држава е прва на листата кога се во прашање нејзините вкупни расходи за војската, затоа што издвојува сума до 50 милијарди долари.

Во Топ-10 европски армии се пласираа уште и Турција, Германија, Италија, Шпанија, Полска, Грција и Украина. Последното 25 место го зазеде Белгија, која во својот состав има 38000 војници, повеќе од 160 авиони, 17 бродови и интересно – ниту еден единствен тенк. Нејзиниот одбранбен буџет е малку поголем од 5 милијарди долари.

Претседателот на Русија Владимир Путин во мај оваа година истакна дека руската армија до 1 јануари 2019 година ќе добие 160 нови авиони и хеликоптери, 10 воени бродови, околу 500 тенкови, оклопни возила и различни ракетни системи. Според рускиот претседател, целиот овој пакет во кој се наоѓа нова и длабоко модернизирана борбена техника ќе ја чини Русија 1,5 трилиони рубли (22,9 милијарди долари).

Прочитајте повеќе: Како руското Министерство за одбрана го троши воениот буџет?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња