Верни на традицијата: Колку тенкови набави руската армија во 2018 година?

Основен борбен тенк Т-72Б3

Основен борбен тенк Т-72Б3

Игор Русак/Sputnik
Руската армија продолжува со големата модернизација на своите оклопно-механизирани единици. Колку има набавено во 2018 година основни борбени тенкови, колку борбени возила на пешадијата, оклопни транспортери зборува генерал-потполковник Александар Шевченко.

Оклопно-механизираните единици на руската армија годинава се посилни за 200 тенкови, соопшти началникот на Главната оклопна управа на Министерството за одбрана на РФ генерал-потполковник Александар Шевченко.

„Во оперативните единици влегоа повеќе од 180 тенкови. Покрај нив, тука се наоѓаат и околу 300 борбени возила на пешадијата, како и 250 оклопни транспортери“, пренесува новинската агенција „Интерфакс“.

Шевченко напомена дека во армијата има забележителен пораст кога е во прашање процентот на современа борбена техника. Од година в година се усвојуваат нови но и длабоко модернизирани примероци на проверено доброто оружје. Тоа според својата огнена моќ но и квалитетот на оклопната заштита претставува практично нов борбен систем.

Неодамна стана извесно дека борбените и транспортните средства (БМП и БТР) ќе бидат вооружени со најмоќните топови на светот кога е во прашање овој вид борбена техника. Покрај нив, овие топови ќе ги добијат и оклопните автомобили од нова генерација.

Модернизираните оклопни средства ќе бидат опремени со топови со калибар 57 мм. Се работи за универзални топови кои ќе се одликуваат со зголемена пробојност во однос на стандардните 30-милиметарски топови. Ова ќе обезбеди и борба против потешки оклопни цели. Благодарение на своите балистички својства, овие топови ќе бидат употребливи и против дронови. За нив се развиваат и посебни типови муниција. За борба против вкопана пешадија и дронови ќе се развие распрскувачко-разорна граната. Оваа граната ќе се одликува со голем број фрагменти и ќе биде опремена со „паметни“ запалки.

Исто така, покрај овој тип на муниција, руските конструктори работат и на развој на противоклопна граната со зголемена пробојност. Се претпоставува дека овој проектил ќе може да ги пробие сите современи борбени оклопни возила за поддршка и транспортери. Гранатата ќе има способност да исфрли од строј и современи основни борбени тенкови.

Прочитајте повеќе: Како руското Министерство за одбрана го троши воениот буџет?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња