„Убедени сме дека „Северен тек-2“ исто така ќе ги зголеми снабдувањето со енергија на Европа и енергетската безбедност на Европа. Проектот е чисто комерцијален, проект, кој обединува цела низа западни компании ... и обидите за негово блокирање, се разбира, се од чисто политичка природа, и со тоа се занимаваат Американците, кои преку нивните особено блиски пријатели во НАТО се обидуваат да создадат тешкотии. Но, овде, повторувам, проектот е чисто комерцијален, ова и раководството на Германија го изјави како земја чии компании се заинтересирани за овој проект“, пренесува „Взгљад“.
Министерот потсети дека гасоводот „Северен тек“ во свое време беше прогласен од Европската комисија за приоритетен проект. „Затоа тука ќе биде многу тешко да се заземе поинаква позиција. Патем, тука е и јужниот крак (за испораките на руски гас) – таму пак се предвидува да почне да работи интерконекторот меѓу Грција и Италија, а тој е веќе вклучен од страна на Европската комисија во листата проекти од национален интерес. Така што тука, исто така, ќе биде тешко да се излезе, ако оваа варијанта со јужниот крак се здобие со практични контури“, рече Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче