Кој е посилен: гризлито или сибирскиот тигар?

На Интернет е мошне популарна дискусијата за тоа кој би победил доколку би се судриле сибирскиот тигар и гризлито. Ви нудиме детален „преглед на оваа интересна ситуација“.

Да тргнеме со ред. Најпрво неколку воведни напомени.

И тигарот и мечката се грабливци на врвот на синџирот на исхрана.

Европската темна мека во дивина за време на пролетта.

И сибирскиот тигар и гризлито се неспорни господари во ареалот во кој живеат. Амурскиот (или сибирски) тигар живее во јужниот дел на Далечниот Исток, а гризлито првенствено во Северна Америка. Со самото тоа, овие два ѕвера не можат да се сретнат и да се судрат во природни услови.

Сепак, можно е прилично прецизно да се прогнозира исходот зашто во ареалот на сибирскиот тигар живеат хималајската и темната мечка, а вторава е крупен потомок на американското гризли, само што е поагресивен и поопасен. Тигарот и мечката не сакаат да делат територија, но понекогаш немаат избор.

Тигрите јадат мечки

Борба на мечка со тигар.

Тигрите ловат крупни животни – елени, лосови, диви свињи и мечки. Да, и мечки! Мечкиното месо во „менито“ на тигарот е застапено во помали количества (само 5%), но е застапено. За волја на вистината, станува збор главно за хималајската мечка. Таа во средба со тигарот нема никакви шанси. „Единствени можност да преживее е да се искачи на дрво“, вели за Russia Beyond Сергеј Арамилев, доктор по биологија и генерален директор на центарот „Амурски тигар“. Тигарот сосема нерадо се искачува на дрво. „Се има случувано тигарот да се смири и да чека под дрвото за да се симне мечката, или ако станува збор за меко дрво (ела, на пример) кое нема повеќе од 20 сантиметри во пречникот, да го прегризе како дабар и така 'зрелиот' плод да му падне право во канџите“, вели Арамилев.

Но, со гризлито ситуацијата не е толку едноставна.

Да погледнеме какво оружје поседуваат сибирскиот тигар и гризлито. Кои им се силните страни, а кои се слабите,.

Општи црти

Сигбирски тигар во снег

И едниот и другиот се добро вооружени убијци. Сибирскиот тигар е најкрупен претставник на семејството мачки на светот, долг е 1.5-2 метри, и може да тежи помеѓу 180 и 300 килограми. „По силата му нема рамен на рускиот Далечен Исток“, соопштува Светскиот фонд за заштита на природата (WWF). Тој со леснотија трча по снегот со брзина од 80 километри на час, што е просечна вбврзина на движење на автомобил на пат.

Возрасните гризли (како и неговите подвидови) се мошне помасивни и посилни од сибирскиот тигар. Може да тежи 400, 500, а понекогаш и 600 килограми. Тој е вистински џин кога ќе се крене на задните шепи – тогаш е висок 3.3 метри!

Сила на угризот

Моќното забло на мечката прави стисок со сила од 87.883 килограми на квадратен сантиметар, додека угризот на тигарот има сила од 66.9 килограми на квадратен сантиметар. Но, тигарот има подолги и потенки заби и со самото тоа прави подлабоки рани кои крвават повеќе.

Канџи

Предна шепа на мечка

Канџите на гризлито се морничаво оружје. Подолги се и поостри одошто на лавот и на белата мечка. Со нив гризлито може да го растргне противникот на парчиња. За волја на вистината, не се поостри од оние на тигарот, но со оглед на силата на гризлито еден прецизен удар може да биде фатален. Со таков удар гризлито може да му го скрши ‘рбетот на тигарот. „Силата на ударот на шепата на мечката е толкава што возрасен див вепар тежок 150 килограми од него може да одлета десетина метри“, велат експертите за судска медицина.

Тигарот е незабележлив

Тигарот Шерхан стар десет месеци. Младенчето на познатиот амурски тигар Амур и на тигрицата Усура. Приморски сафари-парк

Тигарот се движи нечујно, чека во заседа и непредвидливо напаѓа во најповолниот момент од најповолниот агол. „Минувавме 2 години низ местата кадешто живее, понекогаш успевавме да се приближиме релативно близу, и за сето тоа време само неколку пати сме слушнале како рика тигар. Но, еднаш е доста за да ви смрзне крвта во вените и тоа чувство да го запаметите за целиот живот“, пишуваат биолозите Јуриј Дунишченко и Александар Куликов.

Мечките се поотпорни на ранување

Гризли

Тигарот е очигледно побрз и повнимателен, но мечката во животинското царство изгледа како добро оклопен тенк. Сите артерии и душникот ѝ се добро заштитени длабоко под јаката мускулатура и слојот масно ткиво. Познато е дека мечката ја продолжува борбата дури и кога е погодена со куршум во белиот или во црниот дроб.

А, сега е на ред она најважното.

Тактика на борбата

Не постои сомнение дека мечката веднаш се исправа на задните шепи за да изгледа што поголемо. Како на оваа снимка.

Можеби повеќе ништо и нема да треба да направи зашто овој потег влева страв кај определени противници и тоа ги принудува брзо да се повлечат.

Тигарот има само една цел – да ги прегризе пршлените на вратот. Сите истражувачи кои ги проучуваат нападите на тигрите наведуваат само една причина за смрт: „Тој вешто се прикрадува и со еден угриз ја онеспособува жртвата. И нема шанса таа да закрепне од тој угриз“. Но воопшто не е лесно да се дофати ‘рбетот на мечката, а масното ткиво во тој предел е мошне дебело. Поради сето тоа оваа дискусија веројатно не може да биде завршена. Сè зависи од конкретниот тигар и од конкретната мечка.

Заклучок

„Ако мошне крупен мажјак-мечка се спротивстави со тигрица или со поситен мажјак-тигар, шансите ќе им бидат еднакви, иако можеби мечката ќе има незначителна предност“, смета Сергеј Арамилев.

А, ако противниците се еднакви? Научниците главно сметаат дека во тој случај тигарот има поголеми шанси, но само зашто е навикнат да убива.

Гризли на снег

„Работата е во видот на храната. Тигарот се храни исклучиво со месо, и тоа месо на уловени животни, што значи дека има развиен инстинкт на ловец. Тој точно знае каде треба да загризе за да ја убие жртвата, и како и каде да удри со шепата за да ја запре“, вели Арамилев. Од друга страна, мечката главно се храни со билна храна, риба и трупови. Не практикува редовен лов. „Може да се каже дека таа во текот на еволуцијата веќе заборавила каде да гризне, односно се има одвикнато од успешен лов, а покрај тоа и не го практикува редовно“, заклучува тој.

Исто така мисли и зоологот Тимофеј Баженов, водител на телевизиската емисија „Дивина“: Често ме прашуваат кој би победил: тигарот или темната мечка. По правило тигарот излегува како победник!“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња