Во борба против космичките закани

Нови ракети-носачи и супертелескопи ќе помагаат во заштитата на Русија од астероидно-кометна опасност – ваков проект од националната програма за борба со космичките закани може да се појави во Русија веќе кон крајот на 2013 година. За ова зборуваа учесниците на тркалезната маса, која беше организирана во вторникот во Москва.

Разгледувањето на прашањата за заштита од астероидно-кометна опасност, во определен дел, е поврзани со неодамнешното паѓање на метеорит во Русија. Во средината на февруари 2013 година во Челјабинската област падна метеорит, при што космичкото тело експлодираше на висина од околу 25 километри од Земјата. Како резултат на ударниот бран беа ранети повеќе од илјада и петстотини луѓе, оштетени беа седум илјади згради, а материјалната штета е проценета на повеќе од милијарда рубли (околу 32.500.000 американски долари).

Супертелескопи и каталог на астероиди

Претседателот на експертската група за космички закани при Советот за космос на Руската академија на науките Борис Шустов, рече дека за откривање опасни космички објекти, како што беше челјабинскиот метеорит, треба да се создадат системи со земска и космичка база, при што во Русија треба да се доизгради ултраширокоаголниот телескоп во реонот на Бајкал.

ВО БРОЈКИ

 

300 000

ќе изнесува количеството тела кои претставуваат потенцијална опасност како последица на можниот судир со Земјата во идните 100-200 години, специјалистите знаат за само

2%

од нив.

Од своја страна, директорот на Институтот за применета астрономија Александар Ипатов изјави дека Русија треба да го усовршува системот за набљудување на астероиди, заради ефикасно спротивставување на можните космички закани, за што. Во прв ред, треба да се каталогизираат сите астероиди. „Станува збор за закани кои доаѓаат со астероидите и кои, се разбира, не можат да се споредат со оние што доаѓаат од космичкиот отпад. Нашиот институт врши каталогизација на сите мали тела во сончевиот систем. Но во делот на набљудување Русија заостанува. На пример, во САД се регистрирани сите астероиди поголеми од еден километар, а тоа се повеќе од осумстотини илјади објекти“, рече тој.

Директорот на Институтот за применета математика „М.В. Келдиш“ при Руската академија на науките Борис Четверушкин, од своја страна, предложи во Руската Федерација да се создаде центар за обработка и анализа на информациите за астероидите кои ѝ се приближуваат на Земјата.

Со нуклеарни експлозии по астероидите

Претседателот-генерален конструктор на ракетно космичката корпорација „Енергија“ Виталиј Лопота смета дека продолжувањето на работата на ракетата-носач со носивост од 70 тони до 2020 година и на оној со носивост од 150 тони до 2030 година ќе ѝ помогне на Русија да се доближи до решавањето на прашањето за астероидно-кометната опасност.

Ултратешките ракети-носачи се потребни за лансирање на космички апарати надвор од Земјината орбита, што ќе овозможи навремено да се „пресретнат“ опасните астероиди на дистанци кои се многу оддалечени од Земјата. Лопота појасни дека ултратешката ракета-носач ќе може да однесе ди крупните астероиди термонуклеарен набој. Исто така беше забележано дека создавањето национален и меѓународен систем за заштита од судири со астероиди, во кој ќе бидат користени нуклеарни набои, ќе повлече со себе и решавање на прашањата поврзани со договорите за нераспространување на нуклеарно оружје и за забрана на нуклеарните проби.

Според мислењето на директорот на одделот на Росатом Олег Шубин, егзотичните начини за отстранување и за разурнување на опасните астероиди за Земјата, кои го исклучуваат користењето на нуклеарни експлозии, се нискоефикасни.

Програма за борба со космичките закани

Претседателот на Роскосмос Владимир Поповкин изјави дека Русија „има три плана – план за развој на оптички средства (набљудување) во Руската академија на науките, план (за борба со космичките закани) во Роскосмос и план на Министерството за одбрана. Тие (плановите) треба да се обединат. Прототип на програмата за борба со космичките закани може да се појави на крајот на 2013 година“, рече тој.
Според него до реални мерки за одговор на космичките закани може да се дојде дури за пет до седум години.

Извалкана орбита

Зборувајќи за проблемот со космичкиот отпад, Поповкин забележа дека тој претставува најголема опасност за сателитите што се наоѓаат на геостационарната орбита и, доколку меѓународната јавност не преземе итни мерки за заштита на апаратите, во следниве 20 години геостационарот ќе биде претрупан со отпад.

Текстот е претставува скратена верзија на статијата која можете да ја најдете на руски јазик на сајтот на РИА Новости.

Денес на околуземната орбита има повеќе од шестотини илјади „отпадни“ објекти со размер поголем од еден сантиметар – судирот со еден ваков предмет може сериозно да оштети некој сателит, а со објект со размер поголем од десет сантиметри (а нив ги има најмалку шеснаесет илјади) може да се „убие“ космички апарат. Сателитите постојано се „дислоцираат“ од опасните остатоци, со што се намалуваат резервите на гориво и животниот век на апаратот. Загубите на европските сателитски оператори заради космичкиот отпад се проценуваат на 140 милиони евра годишно, а во следната декада оваа бројка може да порасне до 210 милиони евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња