Медиуми: Може да биде поднесена пријава за загинувањето на пилотот на Су-24

Главната истражна управа на Истражниот комитет на Русија го разгледува прашањето за поднесување кривична пријава за загинувањето на рускиот пилот Олег Пешков во Сирија, соопшти весникот „Комерсант“ повикувајќи се на високопозициониран извор.

Главната истражна управа на Истражниот комитет на Русија го разгледува прашањето за поднесување кривична пријава за загинувањето на рускиот пилот Олег Пешков во Сирија, соопшти весникот „Комерсант“ повикувајќи се на високопозициониран извор.

Турски ловец F-16 на 24 ноември 2015 година во Сирија собори руски бомбардер Су-24, по што катапултираниот пилот беше убиен додека беше во воздух. Подоцна за своето учество во убиството на пилотот се изјави државјанинот на Турција Алпарслан Челик. На почетокот на април тој беше уапсен во неговата земја поради обвинување за незаконско чување и носење оружје.

„Комерсант“ пишува дека основа за поднесување кривична пријава против Челик може да биде Членот 12 од Кривичниот законик кој овозможува поднесување пријави против странци кои извршиле злосторство против државјани на Русија во странство. Истражниот комитет преку Генералното обвинителство може да испрати во Турција меѓународен налог за спроведување на истражни дејствија со Челик.

Во случај да биде потврдено учеството на Челик во загинувањето на пилотот, Истражниот комитет планира да започне кривично гонење во Турција. Во спротивен случај, соопштува „Комерсант“, со Челик, најверојатно, „ќе се занимаваат руските специјални служби, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња