Шефот на Пентагон Ештон Картер и германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаен се согласни дека и понатаму треба да се врши притисок врз Русија.
„Тие нагласија дека и понатаму мора да се врши притисок врз Русија, за таа да ја исполни „Минската спогодба“, се вели во соопштението.
Освен тоа, страните разговараа и за ситуацијата на Блискиот Исток, за операциите против „Исламската држава“ и терористите во Авганистан, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
Министрите исто така нагласија дека е важно државите на НАТО-пактот да останат единствени пред самитот на Алијансата во Варшава, а Картер потсети дека е важно Германија да ги зголеми воените расходи како што беше договорен на самитот на НАТО во Велс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче