Столтенберг ја повика Русија да го објави распоредот на воените вежби

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да го објави распоредот на идните воени вежби.

„Ние го објавивме на нашиот веб-сајт распоредот на нашите здружени маневри. Ја повикувам Русија да го стори истото“, рече Столтенберг настапувајќи на Минхенската конференција за безбедност, пренесува „Взгљад“.

Според неговите зборови, потребно е да се избегне повторување на воени инциденти слични на оној што се случи во ноември 2015 година, кога Турција собори руски бомбардер Су-24, пишува РИА „Новости“.

На 1 декември 2015 година беше соопштено дека НАТО сака преку ОБСЕ да добие право да добива информации за „ненајавените проверки“ што ги спроведува Русија.

На 6 ноември Столтенберг повика на подобрување на договорите меѓу Русија и НАТО за одржување воени вежби и нормите за претходно известување за нив.  

Во саботата, генералниот секретар на НАТО исто така изјави дека Алијансата врши невидено по студената војна зајакнување на Источното крило како одговор на одлучните дејствија на Русија. Притоа Столтенберг изјави дека не сака конфронтација со Русија.  

Претходно, во петокот, Столтенберг соопшти по средбата со шефот на МНР РФ Сергеј Лавров дека одржувањето на состанок на Советот Русија-НАТО засега е невозможно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња