„Дојде време да се подобрат правилата. (Тие) не работат како што ние би сакале. Тие беа разработени во друго време – пред неколку децении. Сега во Европа во услови на зголемено воено присуство, пораст на бројот на воени вежби, пораст на тензиите, секаков случај или инцидент можат да доведат до недоразбирања кои можат да излезат од контрола, ја пренесува „Взгљад“ изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повикувајќи се на „Фајненшел Тајмс“.
„Сегашните меѓународни правила предвидуваат редовна размена меѓу НАТО и Русија на информации за плановите за одржување воени вежби и оперативно давање податоци во случај на организација на нови“, истакнува изданието, потенцирајќи дека воените вежби „со учество на повеќе од 13 илјади војници автоматски предвидува присуство на набљудувачи“. Од 2013 година Русија одржала, според податоците на Алијансата, повеќе од 10 непланирани масовни маневри со учество на десетици илјади војници.
Столтенберг смета дека е неопходно да се покануваат набљудувачи и на воените вежби во кои учествува помал број војници од предвидените 13 илјади, како што е предвидено во договорот. „Ненајавените маневри се претвораат во нова норма, а исклучоците стануваат голем пропуст кој ја поткопува самата идеја на известувањето за одржување воени вежби. Ние исто така гледаме сѐ повеќе (елементи на) хибридна војна – употреба на цивилни и воени средства, реализација на јавни и тајни операции. Постојните правила треба да бидат изработени во услови на совршено поинаква реалност и околности“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Во средата Столтенберг исто така се заложи за промени во нормите за известување за одржување маневри, за да се има можност да се набљудуваат ненајавените проверки на борбената готовност во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче