Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека засега нема можност за одржување на состанок на Советот Русија-НАТО, соопшти „Ројтерс“.
„Ако би се впуштил во детали зошто не можеме да го свикаме овој состанок, мислам дека уште повеќе ќе го усложнам неговото свикување“, изјави Столтенберг по средбата со министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров во Минхен.
Претходно беше соопштено дека Лавров и Столтенберг дискутирале за перспективата на односите Русија-НАТО. Како што изјави за новинарите заменикот-министер за надворешни работи на РФ Алексеј Мешков, Лавров ја искажал загриженоста на Москва во врска со зајакнувањето на Алијансата на границите со Русија, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче