Канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Русија Владимир Путин разговараа телефонски за спроведувањето на уставната реформа во Украина и организирањето локални избори во Донбас, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува РИА „Новости“.
„Конкретно беа начнати прашањата што се однесуваат до спроведувањето на уставна реформа во Украина и организирањето локални избори во Донбас според договореното законодавство со претставниците на Донецк и Луганск“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, Путин и Меркель изразија заемна заинтересираност за обезбедување на стабилно примирје на линијата на разграничување на страните во Донбас.
„Детално е разгледана проблематиката на регулирањето на кризната ситуација во Украина. Изразена е заемна заинтересираност за обезбедување на стабилно примирје на линијата на разграничување на страните, и во целина е потенцирана безалтернативноста на целосната реализација на „Минската спогодба“ од 12 февруари 2015 година“, се вели во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.