7 најчудни забави на руските цареви

Ермитаж.

Ермитаж.

Lori / Legion-Media
Диви танци, спиритуални сеанси, велосипедски екстремизам и други страсти при рускиот императорски двор.

Лизгалница

Извор: wikipedia.orgИзвор: wikipedia.org

По указ на Екатерина Велика во втората половина на 18 век била изградена дрвена лизгалница во нејзината летна резиденција во Ораниенбаум кај Санкт Петербург. Надворешно лизгалницата, која ја проектирал дворскиот архитект, италијанецот Антонио Риналди, уште во свое време личела на современите лизгалници во луна-парковите. На неа се лизгале налето со помош на колички. Самата Екатерина Велика, која обожавала различни забави, не ризикувала да се лизга на неа, но активно ги повикувала странските амбасадори и гостите да ја пробаат оваа екстремна забава. Француската баронеса Ана де Стал во своите мемоари пишувала: „Имаат направено нешто слично на змиска лизгалница со санки, чија брзина е многу интересна за Русите: се лизгавме на чамци од висока дрвена лизгалница со брзина на молња“.

Трки со велосипед по дворот

Извор: wikipedia.orgИзвор: wikipedia.org

Во 1867 година варот Александар Втор од Париз донел велосипед „Bone Shaker“. Тогаш во Петербург било замрзнато, па синовите на инмператорот, не чекајќи го летото, направиле трки во самиот Зимски дворец. „Се возевме насекаде, дури и пред стражата...“, се сеќава великиот кнез Сергеј Александрович. Тогаш тркалата на велосипедите се правеле од целосна гума, поради што во салите се слушало големо чкрипење, а слугите со исплашени лица со негодување се обидувале да ги зачууваат драгоцените предмети.

Народни песни

Сцена од филмот „Браќа Карамазови“, РИА НовостиСцена од филмот „Браќа Карамазови“, РИА Новости

Слушањето народна музика во аристократските кругови се сметало за лош манир, па сите членови на императорското семејство претпочитале новини од своето време – Штраус, Чајковски, Лист. Впрочем, императорското семејство можело секогаш да си дозволи слобода. Така, царот Александар Трети нема против да послуша руски Цигани кај себе во Гатчинскиот дворец. Императорката Александра Фјодоровна, пак, сакала балалајка. Нејзината дворска дама Софија Буксгевден во своите мемоари пишувала „на Крим по ручекот тие понекогаш слишаша како свити оркестарот од балалајки „Штандарт“, а во оркестарот солираше 3-годишниот принц Алексеј“.

Графити

Извор: wikipedia.orgИзвор: wikipedia.org

Членовите на царскиот двор сакале и своевидни форми на „графити“, чкртали фрази и датуми на стаклата со брилијанти.  Еден од нив е останат и до нашите денови во Ермитаж. Императорската Александра Фјодорвна на стаклото на Зимскиот дворец ни оставила натпис „Nicky 1902 looking at the hussars. 7 March“. Натписот е на англиски јазик, со оглед на тоа дека императорката (внука на англиската кралица Викторија) сметала дека тој ѝ е роден јазик.

Луди балови

Баловите во Зимскиот дворец често се нарекувале „луди“, а гостите не заминувале до зори. Кога гостите оделе на бал, дури и во тоа време се создавале затки во сообраќајот, со оглед на тоа дека каретите биле двапати поголеми од денешните коли. Познатиот поет Александар Пушкин ѝ се пожалил на жената дека за да стаса во Ермитаж потрошил три часа.

Државниот советник Александар Половцев во своите мемоари запишал: „Во 3 наутро, додека императорката сè уште танцува, владетелот испраќа еден од танчарите со наредба музиката да прекине. Музичарите заминуваат еден по еден, така што на крајот останува само една виолина и еден барабан. Повторување на шегата на Хајден“.

Импровизација на сцена

„Николај I на маскенбал“, Државен музеј на книжевност (РИА Новости)„Николај I на маскенбал“, Државен музеј на книжевност (РИА Новости)

Страста за театарската уметност понекогаш ги надминувала рамките на дозволеното. Во своите „Записи“ актерот Пјотр Каратигин за тоа како императорот Николај Први еднаш излегол право на сцена за време на водевилот „Ложа од првиот јарус“: Владетелот отиде зад кулисите, си облече шинел и се појави на сцената како надзорник.“ Во друга француска комедија суров по својата природа, императорот играл Германец, кој бил победен од руски трговец.

Магија

Папус (Роџер Вајолет / East-News)Папус (Роџер Вајолет / East-News)

Некои членови на царското семејство во Русија практикувала спиритизам. Сè започна со доаѓањето на познатиот италијански маг грофот Калиостро во Русија, човекот кој правел спиритистички сеанси низ цела Европа. Дворската дама Ана Тјутчева во својот дневник пишувала: „Окружувањето на принцот се забавуваше со тоа што ги магнетизираат масите и капите. Масата се крева, се врси и тропа, свирејќи ја на тој начин химната „Боже, чувај ги царот“.

Исто така, во книгата „Големиот маг“ историчарот Михаил Первухин раскажува дека францускиот окултист Папис по барање на Николај Втори го повикувал духот на императорот Александар Трети. Последниот руски цар сакал да побара од татка си политички совет. По верзијата на Первухин, имено Папис му го претскажал гибелот на царот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња