Меѓународните санкции против Русија се насочени кон обнова на територијалниот интегритет на Украина, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко, пишува „Лента.ру“.
„Ние немаме намера да тргуваме со санкциите, немаме намера да го правиме тоа на начин полош за Русија или за рускиот народ“, истакна украинскиот лидер.
Тој прецизираше дека еден дел од санкциите е поврзан со присоединувањето на Крим кон Русија, а другиот е „поврзан со Донбас“.
„Потенцираме дека санкциите не можат да бидат укинати сѐ додека сите точки од „Минската спогодба“ не бидат во целост имплементирани“, додаде Порошенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче