Исламов истакна дека на подрачјето на Керченскиот мореуз е започната операција за која не сака да ги открива деталите, пренесува „Взгљад.
„Тоа е воена операција, па затоа не можам да зборувам за неа. Меѓутоа, ќе кажам дека блокадата на Крим е веќе почната. Затоа што Турците, откако го соборија авионот што влезе на нивна територија, веќе ја реализираа блокадата на Босфорот и Дарданелите. Останува само Керченскиот мореуз, а ние ќе се позанимаваме со него, всушност, веќе се занимаваме“.
Полуостровот беше 11 дена без електрична енергија, откако украински активисти организираа енергетска блокада на Крим со тоа што ги кренаа во воздух далеководите преку кои се испорачува струја од Украина. На 3 декември претседателот на Русија Владимир Путин го пушти во работа првиот сегмент на енергетскиот мост кој ја спојува Русија со Крим. Полуостровот засега добива повеќе од половината потребна електрична енергија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче